2win800x200

Одблокирана сметката и на ОУ „Климент Охридски“ кое имаше долг од 245 илјади евра

Септември 02, 2019

После 8 години одблокирана е сметката и на ОУ „Климент Охридски“ од Битола. Долгот на ова училиште изнесуваше 15 милиони денари или 245  илјади евра, поради што беше отежнато нормалното функционирање . Тоа е едно од десетте училишта во градот кои од 2011 година поради огрмни долгови, имаа блокирани сметки.

-Ова училиште како и останатите во нашата општина беше затекнатио во катастрофална финансискасостојба. Имено, она што беше затекнато беше долг од 6.702.755 денари кон разни побарувачи и додатни 7.378.613 денари во форма на цесии долг кон општината. Со помош на општина Битола, овие долгови се подмирени и денес можеме да кажеме дека во очи на почетокот на учебната година ова училиште може да фунционира непречено. Учениците и наставниците нема повеќе да се грижат за најнеопходните средства потребни за секојдневно фунцкионирање на наставниот процес, рече Атанасовска.

Доплнително, за време на летниот распуст реализирани се неколку проекти со поддршка на Општина Битола, донции и меѓусебна соработка на училиштата во општината.

-Саниран е кровот на училиштетот, бојадисани се дел од холовите и дел од училниците, исцртан е мурал на влезот, а овие активости се направени со финансиска поддршка од Општина Битола. Нашето училиште соработува и со фирми како што се РЕК Битола, ФОД , а исто така, сега добивме донација од Кромберг и Шуберт за подобрување на условите за престој на учениците во прво одделение, рече Атанасовска и додаде дека работат на проекти од Еразмус + програмата, а заради активното учество на меѓународни проекти оваа година училиштетот од Националната агенција за образование доби ознака E twinning училиште. За  добиениот грант  од Фондот за иновации , училиштетот ќе потпише договор во текот на овој месец

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани