СДСМ: Оние кои ни ја оставија Битола урнисана и ограбена ќе дојдат да разговараат со битолчани за нејзина обнова

Септември 27, 2019

„Оние кои се најодговрни за состојбата во која што ни ја оставија Битола, урнисана и ограбена, денеска ќе дојдат на разговори со битолчани“, рече денеска на прес конференција Жаклина Нуамовска, советник од СДСМ и секретар на општинската организација на партијата, по најавата дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на Широк Сокак ќе разговараат со граѓаните за обнова на Битола.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=UkRQms-Vu_Y&feature=youtu.be{/YouTube}

-Во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, ниту имаше правда, ниту се грижевте за граѓаните, како што можевме и да се увериме, ниту пак имавте идеја за подобрување на животниот стандард и животниот квалитет на граѓаните! Единствената идеја која ја имавте е како да крадите и како да ги трошите парите на граѓаните за партиски и сопствени цели. Ако некој кршеше закони, тоа сте Вие! Ако некој рушеше, тоа сте Вие! Се обидувате, неуспешно, да ја срушите европската иднина на Република Северна Македонија и да застанете на патот на вистинскиот напредок на својата татковина! Тоа го докажуваат сите ваши постапки во изминатиот период, рече Наумовска и одаде дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да разговараат за обнова, излегување од очај, за сивило и неспособност.

-Ветувате обнова на разрушеното, обнова на принципи, на идеја, идеологија и верување! За какви принципи ќе зборувате, Мицковски? Зарем не се срамите? За следење на насоките од Будимпешта од Вашиот ментор? Лицемерно е ДПМНЕ и Мицковски да разговараат за обнова на Битола, бидејќи за тоа имаа на располагање 12 години, рече Наумовска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани