Оставка од техничкиот министер, Наќе Чулев, побараа битолските социјалдемократи

Мај 30, 2020

Оставка од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе  Чулев, побараа битолските социјалдемократи. Велат дека со неговата изјава дека не треба да се казнуваат  граѓаните  кога  не ги почитуваат мерките, го загрозува јавното здравје и работи на штета на граѓаните.

 
-Јавноста, во бројни наврати, беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо. Граѓаните не заборавија дека и самиот тој организираше јавни собири и снимаше спотови без почитување на мерките. Затоа Чулев мора веднаш да поднесе оставка и Македонската полиција и македонските граѓани да се ослободат од неговото неодговорно однесување, изјави на прес конференција Невена Димовска, портпарол на ОО на СДСМ.
 
-Ваквото однесување на Чулев и Мицкоски е само доказ дека не само што не помагаат, туку и одмагаат во борбата против последиците од коронавирусот и немаат никаква почит ниту кон здравствените работници ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести, додаде Димовска
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани