По 3000 денари од општинскиот буџет за секој средношколец кој освоил прво место на државен натпревар

Септември 07, 2018

Седумнаесет средношколци од Битола, кои во минатата учебна година освоија прво место на државните натпревари, денеска добија парична награда и од општиснкиот буџет, од ставката разни трансфери во програмата градоначалник.

-На почетокот на новата школска година и пред празникот 8 септември, два поводи се доволна причина да доделиме по 3000 денари на секој ученик кој има освоено прво место на држаните натпревари , како поддршка за нивните успеси во изминатата школка година, а како мотив да продолжат да работата на тој начин, но и мотив за останатите ученици да нижат успеси и да стекнуваат повисоки знаења. Средствата се издвоени од ставката разни трансфери од програмата гградоначалник за кои што во минатиот период често пати зборувавме каде одат овие пари,  изјави градоначалничката Наташа Петровска, која денеска ги покани средношколците во нејзиниот кабинет да им ги додели паричните награди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани