Хуманитарна акција на градинката „Естреја Овадија Мара“ за децата со ретки болести

Октомври 16, 2018
Со Хуманитарна акција во која се вклучија вработените и родителите на децата од градинките,  ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ го одбележа 16 октомври, Денот на здравата храна. На тезгите поставени на плоштадот „Магнолија“,  секој клон од оваа установа, денеска, имаше изложено домашно подготвена храна, во која еден од главните продукти е овошје или зеленчук. Битолчани масовно се вклучија во оваа хуманитарна  активност, а средствата од купените производи, се наменети за децата со ретки болести во Битола. 
 

-ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“  оваа година го одбележува Светскиот ден на здрава храна и борбата против гладот. Огромна благодарност до родителите кои се вклучија во нашата хуманитарна акција, одзивот кај граѓаните е голем, цените на подготвената храна се симболични, а средствата ќе бидат донирани за потребите на децата со ретки болести во нашиот град, изјави директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска.

Во Хуманитарната акција учествуваа  сите 8 градинки кои припаѓаат на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а оваа јавна установа во рамките на оваа активност ќе го реализира и проектот „Од дете за дете“

8

1

2

3

4

5

6

7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани