2win800x200

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА ВО СОЛУН

Ноември 01, 2018

Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот HEALTH -INFO добиен од програмата IPA CBC за меѓугранична соработка на Македонија и Грција финансиран од ЕУ. На овој состанок во Солун присуствуваа директорот на Клиничка болница Битола Др.Зоран Лазаров заедно со стручниот директор Др.Александар Димовски каде беа договорени проектните активности.

 

45279139 484952625342576 6353474219652677632 n

Клиничката болница од Битола преку овај проект ќе набави дигитален мамограф во вредност од 120.000 евра, дијагностичка опрема која подолго време е дефицитарна во болницата.

„Дигиталниот мамограф очекуваме да пристигне во првата половина на 2019 година. Во склоп на програмата ќе се реализира скрининг на одредени целни групи на пациентки за превенција од карцином на дојка и карцином на матка. Планираме да бидат одржани и едукативни семинари како за општата популација така и за локалните доктори во врска со потребите и бенефитите од ваквиот скрининг“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Битолската болница.45140230 1972524576199819 5158464006935019520 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани