Дрво на пријателство засадија градоначалниците на Епинал и Битола

Ноември 03, 2018

Дрво на пријателство засадија денеска градоначалниците на двата збратимени града Епинал и Битола, Мишел Хајрниш и Наташа Петровска, во малиот парк  наспроти стаклената зграда во центарот на Битола, каде што се наоѓа макетата на квартот Битола во францускиот град Епинал.

-Јас сум многу чувствителен на овој гест на засадувањето на ова заедничко дрво кое го означува и вкоренувањето на нашето пријателство меѓу нашеите два града, рече градоначачникот на Епинал, Хајнриш.

-Една садница повеќе во нашиот град, но не обична, туку садница која го одбележува пријателството со нашиот збратимен град Епинал од Франција. Не е случајно на ова место, затоа што овде симболично се претставува населбата во Епинал што го носи името на нашиот град Битола, поставена во централното градско подрачје која не потсетува на топлото пријателство со градот Епинал. Ова е симболична садница која што и во иднина ќе го потврдува пријателството и на идните генерации ќе им покажува дека треба да се движат во таа насока, рече градоначалничката на Битола, Петровска.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние пак, посака растот на ова дрво симболично да го означи и напредокот на нашата држава.

-Се надевам дека ова дрво ќе израсне и ќе го симболизира пријателството меѓу Битола и Епинал, но исто така посакувам младите од Битола да изучуваат и француски јазик, а се надевам дека со новите перспективи ќе има развој и на економски план меѓу двете држави и деловни луѓе. Исто така се надевам дека растото на ова дрво ќе го симблизира и напредокот на земјата, рече амбасадотрот на Франција во Македонија, Тимоние.

Годинава Епинал и Битола одбележуваат 50 години од збратимувањето.

DSC 5465

DSC 5469

DSC 5481

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани