Ете како изгледаат смарт венецијанките, изум на учениците од ОУ „Даме Груев“

Декември 23, 2018

Смарт или паметни венецијанерки кои сончевата енергија ја претвораат во електрична и светлосна, па може да осветлат просторија или да наполнат мобилен телефон или таблет. Ова е изумот на младите иноватори од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола: Андреј Јовановски и Христијан Николовски од деветто одделение, Михаил Јанакиевски осмо одделение предводени од наставничката по физика Валентина Степановска- Андонова. Овој креативен тим со иновацијата се претстави како еден од десетте најуспешни и најмлади тимови во државата, единствени учесници од Битола на работилницата „Повик за ученици-UPSHIFT – иноватори и претприемачи“ што неодамна се одржа во Маврово.ucenici

„Бевме вклучени во правење иновација, правевме смарт венецијанерки кои земаат сончева енергија со соларни панели и ја претвораат во светлинска енергија за бесплатно осветлување или за да можат да се полнат помали електронски апарати на пример, телефон. Наставничката предложи една идеја, а ние тројцата потоа ја надополнивме, па аплициравме за работилницата. По една недела чекање ни вратија дека сме еден од десетте одбрани тимови, а имало над сто од цела Македонија што сакале да учествуваат“, рече Андреј Јовановски, ученик од ОУ „Даме Груев“.

 

Тимот иноватори, изумот со паметните венецијанерки го претстави пред учениците и наставниците на патрониот празник на училиштето. Сепак, продолжуваат со негова доработка зашто чекаат од странство да стигнат уште некои делови за да се вградат во венцијанерките.

„На постоечките венецијанерки од нивната надворешна страна се поставуваат мини соларни келии со кои се апсорбира сончевата енергија, понатаму се складира таа енергија, се претвора во електрична во соларните батерии што се наоѓаат во венецијанерките, потоа од внатрешната страна се поставуваат лед диоди кои би користеле за внатрешно осветлување на домот. На тој начин рационално, практично настојуваме да ја искористиме сончевата енергија, ете на некој начин да ги намалиме и сметките за електрична енергија во домовите“, рече наставничката Валентина Степановска Андонова, ментор на учениците во физичката секција, која што повеќе од 18 години бележи одлични резултати.

Учениците пресметаа дека од 10 до 15 проценти од сметките за потрошена енергија одат токму за осветлувањето. Со смарт венецијанките месечната потрошувачка за електрична енергија домаќинствата ќе можат да ја намалат за 15 проценти. За осветлување на секоја просторија потребно е на венецијанерките да се вградат вакви уреди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани