2win800x200

Доаѓа нов снежен бран, граѓаните да ги отстранат возилата од улиците за „Нискоградба“ непречено да го чисти снегот

Јануари 08, 2019

Од утре метеоролозите најавуваат  обилни снежни врнежи, кои  ќе  фомрмираат нова  снежна покривка. Од ЈП „Нискоградба“-Битола  велат дека се подготвени за новиот снежен бран и  апелираат граѓаните кои  живеат во тесните улици и ги оставаат своите  автомобил на коловозите, доколку се во можност да ги отсранат за да може механизацијата на ова јавно претпријатие да го чисти снегот. 

 

-Подготвени сме со цела механизациј, а има и доволно количини на  сол и ризла. Прво пристапуваме кон улиците од прв и втор приоритет, а потоа и во споредните улици. Но во многу вакви улици има паркирани возила поради што при чистење на снегот може да дојде до оштетување на возилата. Затоа апел до граѓание, во среда и четврток, доколку се во можост, да ги отстранат возилата, за да можеме да излеземе во пресрет и во тие споредни улици. Исто така еден апел, при чистењето  да не го фрлаат снегот на коловозите, рече Методи Силјановки, директор на ЈП „Нискоградба“-Битола

Според УХМР под влијаније на влажен и студен бран, во среда и четврток ќе има нови обилни врнежи од снег, особено во западните делови од Македонија. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка  од 10 до 30 сантиметри, а на планините до 50 сантиметри. Заради ниските темпартури ќе има појва на голомразица. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани