2win800x200

Комуналната инспекција на терен, градежната фирма ги изми улиците околу градилиштето во „Областа“

Август 17, 2019

Општинската комунална инспекција излезе на терен и побара од фирмата изведувач на станбениот комплекс во „Областа“ да го почитува Законот за градба и механизацијата да не излегува од градилиштето  со валкани гуми, туку претходно да ги измие.

Инспекцијата го затекнaла операторот како веќе ги мие улиците во близина на градилиштето, но сепак фирмата ќе биде санкционирана.

ulica2

Од Општина Битола информираат дека пред почетокот на секоја градежна сеозна испраќаат писмо до сите градежни компании и  ги потсетуваат да го почитуваат Законот за градба

gradiliste

Жителите од „Областа“ претходно реагираа до Апла.мк, затоа што градежните работи во  станбениот комплекс  во близина, не само што создава неподнослива бучава и прашина, туку улиците каде што  се движат камиоините излегувајќи од градилиште, се постојано во кал.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани