2win800x200

Видимче- Ги јакнеме капацитетите на противпожарните единици во Пелагонија

Август 19, 2019

Современо противпожарно возило и 10 интервентни комплети за ТППЕ Прилеп се набавени преку проектот: "Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион" за противпожарната единица во Прилеп. Овој проект  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2018 година.

Гого Видимче директор на Центарот за развој на Пелагонискиот регион вели дека со проекти се работи на унапредување на рамномерниот развој на општините во Пелагонија.

-Продолжуваме со зајакнување на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион.Вкупната вредност на проектните активности за Општина Прилеп изнесува 5.681.244 денари  од кои 3.180.000 денари  се кофинансирање на Општина Прилеп, вели Видимче.

гого

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани