Здружението на пензионери од Битола гостуваше во Врање

Август 22, 2019

 

Претставници на Здружението на пензионери од Битола присуствуваат на прославата на Здружението на пензионери од Врање, Република Србија по повод нивниот празник „Сретение Господово“.

Битолското Здружение со српското имаат склучено повелба за збратимување според која се одржуваат заеднички средби за размена на мислења во врска со нивните активности. Од името на Битолското здружение претседателот Томе Димитровски им поради уметничка слика со симболот на Битола Саат кулата и на НП Пелистер, кои домаќините ветија дека во прва прилика заеднички ќе ги посетат.

На одржаната свеченост во Врање присуствуваа членови на здруженија на пензионери од Србија како и од Куманово и Охрид во Македонија.  

Битолските пензионери ги разгледаа знаменитостите на Врање , а го посетија и Етно селото што се наоѓа во негова близина.

68740562 2252482985062635 3165682624215646208 n

69338997 2345322148916770 1119445228126732288 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани