2win800x200

Гулевска-Чекор по чекор до европска општина, Општина Могила слави 23 години постоење

Септември 12, 2019

Општина Могила денеска слави 23 години постоење.  Со домаќинско и одговорно работење општината станува подобро место за живеење, велат од локалната самоуправа.

-23. години ја градиме нашата општина,а јас како градоначалник на оваа општина, чувствувам одговорност да ги исполнам очекувањата на нашите сограѓани, а тоа се Општина Могила да биде подобро место за живеење.

Нашата општина може да продолжи да се менува уште повеќе само доколку се движи во соодветен правец и само доколку граѓаните придонесат во процесот на нејзината промена искрено и со убедување, чекор по чекор движејќи се кон правците на развојот, за еден ден да наликува на вистинска европска општина, рече на свеченоста градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Градоначалничката Гулевска, заедно со претседателот на Совет, Александар  Јанкуловски, советници и вработените од општина Могила , вработени во ЈКП „Пела Хигиена“ и претседателите на месните заедници како и пензионерското друшво од општината положија  свежо цвеќе на спомениците Димче Могилчето, Захарија Шумљанска, Парашкев Цветков и Иљо Лопатички.

јассс

Во текот на оваа година во Општина Могила се изврши изградба и реконструкција на четири училишта. Подрачното училиште во село Ношпал каде што се изгради ново монтажно училиште со нова опрема и нова ограда околу училишниот двор

Во централно училиште во селото Добрушево во тек е изградба на нова фасада на училиштето, сменета е нова ПВЦ дограма и исто така поставен е и котел за  парно греење во училиштето.

За подрачно училиште во село Радобор направена е санација на кровна конструкција и промена на кровниот покривач, заменет е стариот под од штици со бетонска плоча со завршен слој од линолеум, се изгради санитарен чвор во склоп на училиштето, спуштени плафони, поставена е нова ПВЦ дограма со термопан стакла и направено е санирање со пребојадисување на цела фасада на училиштето како и изведба на комплетна електроинсталација.

Во подрачното училиште во Долна Чарлија поставена е нова дограма на дел од објектот, направена е санација и пребојадисување на фасадата на училиштето, изградени се нови санитарни чворови во објектот, се изврши санација на дел од кровот, се изгради нова бекатонска патека за пристап до школото а исто така е поставена нова електроинсталација.

За училиштата во селата Радобор и Долна Чарлија од буџетот на Општина Могила се издвоени вкупно финансиски средства од 2.388.682,3 денари. Од Генералниот конзулат на Република Бугарија е извршена донација од 2.452.320 денари, а за реализација на проектот беа извдоени дополните 63.637,7 денари од Буџетот на Општината, рече Гулевска.

јас 2

јас 3

Во текот на оваа година исто така работевме на изградба на канализациона мрежа и пречистителни станици. Го доизградивме Крак 3 на канализациона мрежа во село Могила. Општина Могила изготви  роектна документација и започната е реализацијата на проектот Пречистителна станица со дел од канализациона мрежа во населено место Добрушево.  Во тек на изведба е дел од крак на канализација со пречистителна станица во село Добрушево по договор со Изофас со вкупна вредност од 6.795.026 денари. Исто така имаме подготвено проектна документација за канализациона мрежа со пречистителна станица во село Ивањевци.

Во тек е изградба на патот помеѓу селата Српци и Беранци а за овој проект одобрени се финансиски средства во износ од 9.552.669 денари.

Оваа година со одлука на Комисијата за јавни дејности средствата предвидени за прослава по повод 23 години од постењето на Општина Могила во вредност од 60.000 денари, ќе бидат донирани за набавка на 90 столчиња по 30 за секое од трите централни училишта во општината, а исто така ќе бидат донирани 10.000 денари за црквата Св. Недела во село Могила.

Како што беше објавено во текот на минатата недела, во Општина Могила со поддршка на УСАИД, битолската млекара Бимилк и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде изградена агроекономска зона која ќе биде прва од ваков тип во нашата држава.

Општина Могила продолжува да чекори по ваквиот развоен пат настојувајќи да ги зајакне економските капацитети.

Општина Могила по 23 години од своето постоење е многу поблиску до европските стандарди - не само по урбаниот лик, туку и според развојот кој и обезбедува видно место на скалата на привлечни економски дестинации.

Општина Могила е формирана на 12.09.1996 година, со донесување на Законот за територијална поделба на Република Македонија.

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани