Алушовски: Веспрем е репрезентација на светот, натправрот ќе биде празник на ракометот

Октомври 01, 2019

Ракометниот гигант „Веспрем“ од Унгарија, вечерва ќе допатува во Битола, пред утрешниот натрпревар во СЕХА лигата со „Еурофарм Работник“, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“. „Веспрем“ кој е двократен СЕХА победник и актуелен европски вицешампион, доаѓа со целиот свој потенцијал, за првпат е во Битола, па се очекува овој натпревар да биде вистински магнет за битолската публика.

-Од натпреварот со „Веспрем“ очекувам еден празник на ракометот, на гости ни доаѓа вицепрвак на Европа, тим составен од голем број ракометни ѕвезди, дел од ракометниот крем на Европа, а меѓу нив и нашиот репрезентативец Дејан Манасков, како и други големи имиња, Мае, Лауге,Тонесен, Борозан... Тое е репрезентација на светот. Ние сме во тешка ситуација, пред се играчите се психички и физички исцрпени, по третпат загубивме еден добиен меч во Лигата на шампионите, ќе се потрудиме утре да го извлечеме нашиот максимум и да бидеме достоен противник на европскиот вицепрвак. Нема да излеземе со бело знаменце и да  се предадем пред мечот. Ако ракометот се играше според имињата и според буџетот  на екипити, тогаш „Веспрем“ не ќе мораше да доаѓа  во Битола. Ќе направиме се што е во наша можност на овој празник на ракометото бидеме достоен претставник на битолскиот и македонскиот ракомет, рече тренерот на „Еурофарм Работни“, Стевче Алушовски.

Босанскиот репрезентативец, кој игра во “Еурофарм Работник“ Невен Стјепановиќ рече дека е задоволен што на за првпат во својата кариера ќе излезе на мегдан со ракометните ѕвезди на унгарски „Веспрем“.

-Првпат ќе игрм против „Веспрем“ и ќе ми биде големо задоволство, тоа ќе биде празник на ракометот. Точно е, ние сме уморни, но,ќе излеземе без притисок против ѕвездите на Веспрем. Во досегашниот дел од сезоната може да кажам дека ниту една екипа не нè надигра и мислам дека имаме квалитет да се носиме со сите екипи. Утре ќе се обидеме да одиграме што е можно подобар натпревар, рече босанскиот репрезентативец Стјепановиќ.

Доцна сиоќа експедцијата на „Еурофарм Работник“ се врати од Шпанија, таму вчера имаа и тренинг, како еден вид подготовка за натпреварот против „Веспрем“, а денеска повторно ќе тренираат во спортската сала. Гостинската екипа на „Веспрем“ во Битола ќе пристигне вечерва после 20 часот, но нема да имаат тренинг.

Интересот за утрешниот  натпревар е голем, па управата на битолскиот тим очекува полна сала и поддршка   за „Еурофарм Работник“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани