2win800x200

ЗЕМЈАВА ВО ОВОЈ МОМЕНТ ЗАСЛУЖУВА ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ ПОВЕЌЕ ОД БИЛО КОГА ДРУГ ПАТ, РЕЧЕ СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР

Октомври 02, 2019
Словенија е голем поддржувач на Република Северна Македонија за почеток на преговорите за ЕУ, а словенечкиот премиер Марјан Шарец за една недела ќе дојди овде, а потоа во Брисел ќе пренесе порака дека земјава заслужува почеток на преговорите сега повеќе од кога било другпат, најави словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец кој денес присуствуваше на Симпозиумот на етнолози конзерватори во Битола. 
 
,,И културата ако се стави во актуелен политички контекс  е многу значаен дел во преговотите кои и престојат на Северна Македонија. Меѓу вашата држава и Словенија има големо разбирање, поддршка и пријателство.Словенија е голем  поддржувач на државата за почеток на преговорите. Ние очекуваме зелено светло за две недели на Европскиот совет. Во таа смисла ми е многу драго што за една недела доаѓа во работна посета нашиот премиер и тоа  ќе биде посета в очи самитот и тоа ќе биде еден најдобар начин за израз на поддршка. А од друга страна, тој во Брисел на состанок ќе однеси најсвежи впечатоци за тоа колку е овде сработено и да пренесе порака дека Република Северна Македонија денес, сега, во овој момент заслужува почеток на преговарачкиот процес повеќе отколку било кога друг пат", рече словенечкиот амбасадор. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани