Ракометниот гигант Веспрем на колена, Еурофрам Работник го порази со два гола разлика

Октомври 02, 2019

Во натпреварот од СЕХА лигата што попладнево се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“  во Битола, Еурофарм Работник  направи сензација и  со два гола разлика го порази унгарскиот ракометен гигант Веспрем, европскиот вицешампион, кој во своите редови има голем број ракометни ѕвезди. 

{YouTube}https://youtu.be/qrr51fsbk4g{/YouTube}
 
Првото полувреме заврши со  изненадувачки  6 гола разлика за домаќинот, односно 14:8, а во второто полувреме Еурофар Работник победи со 26: 24
 
71184401 775873236196251 2210421394380947456 n
Веспрем од Унгарија за првпат гостуваше во Битола, што беше причина овој пат салата „Боро Чурлевски“ да биде полна, а натпреварот се одигра во одлична атмосфера, со стоечки овации на битолската публика за голманот на Еурофарм Работник, Никола Митревски. 
 
71595918 674137963082760 667902465756102656 n
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани