2win800x200

Се санира влезот во Болницата, од таму апелираат за внимателност и трпеливост на пациентите

Октомври 04, 2019

Се санира влезот во Клиничката болница во Битола, од каде  ги информираат пациентите за внимателност и трпеливост додека се изведуваат градежните работи со кои ќе де овозможи подобар пристап на санитетските возила во Клиниката.

-Во Клиничка Болница Битола  се вршат градежни работи на влезот пред ургентна медицина и влезот во болницата  се со цел да се подобри пристапот на санитетските возила кои доаѓаат и заминуваат од болницата. Затоа ги замолуваме пациентите за внимателност,  стрпливост и претпазливост, бидејќи самиот пристап ќе биде отежнат одреден период. Овај  градежен зафат моравме  да го отпочниме  се  со цел  да се санира просторот за кој санитетските возила се соочуваа долг период со проблеми при  пристапот до влезот на болницата.  Се надевам дека пациентите ќе имаат разбирање за отежнатиот пристап, вели Сузана Конеска, портпарол на ЈЗУ Клиничка Болница Битола.

received 839578813104310

received 432233504078797

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани