Со едукативен час Национален парк Пелистер – Битола денеска го одбележува Денот на заштита на Динаридите – 7 Октомври

Октомври 07, 2019

Јавната установа Национален парк Пелистер – Битола придружувајќи се на одбележувањето на Денот на заштита на Динаридите – 7. Октомври, денеска  со почеток во 11 часот, во Информативниот центар на Паркот организира посебен едукативен час, во соработка со претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД), за значењето на заштитата на природата во НП Пелистер.

Преку едукација и дружење со дел од учениците од ОУ „Коле Канински“ од Битола, ќе бидат изработени и ликовни творби на тема: Заштита на убавините и природното богатство на НП Пелистер. На учениците, и другите присутни, ќе им биде презентирана намената и содржината на идната Ботаничка градина (Арборетум), која се воспоставува околу Информативниот центар на Пелистер.

Денот на заштита на Динаридите – 7. Октомври, беше востановен на 29 мај 2019 година на Генералното собрание на Парковите Динариди - мрежа на заштитени области на Динаридите, во Паркот на природа Блидиње (Босна и Херцеговина).  

Секоја година на 7. Октомври, со прославувањето на Денот на заштитата на Динаридите, ќе се истакнува важноста на природното и културното наследство на земјите од Динарскиот лак, како и значењето на природното богатство, културните и историските вредности на ова, многу посебно место во Европа.

-Оваа година, во која е востановен Денот на заштита на Динаридите – 7. Октомври, ги покануваме заштитените подрачја, членови на асоцијацијата Паркови Динариди, како и сите други институции кои се занимаваат со прашања од областа на животната средина, образованието, како и невладините организации и сите љубители на природата, да организираат акции и посетите на заштитените подрачја, работилници и настани посветени на оваа тема и заедно да ја испратат пораката дека подобрувањето на заштитата на природните и културните вредности во просторот на Динаридите треба да биде приоритет и заедничка задача за сите нас, велат од НП Пелистер.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани