Законските измени за префрлање на седиштето на Правниот факултет од Кичево во Битола пред пратениците

Октомври 07, 2019

На дневен ред на денешната 114 собраниска седница се законските измени со кои седиштето на Правниот факултет на Универзитетот „Св Климент Охридски“ се предлага наместо во Кичево да биде во Битола. Група пратеници, меѓу кои е и бтолчанецот Александрт Кирацовски, предлагаат измените на законот да се донесат по скратена постапка, затоа што не се работи за сложен и обемен закон. Предлог на пратеникот Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ, точката да се симне од дневен ред, не беше усвоен

„ Во моментов на Правниот факултет - Кичево (со дисперзирани студии во Битола и во Струга) постои значителна диспропорција на бројот на студенти кои студираат на дисперзираните студии во Битола, наспроти бројот на студенти запишани во седиштето во Кичево, соодносот е речиси 5 (пет) спрема 1 (еден) во корист на дисперзираните студии во Битола. Ваквата состојба сериозно го загрозува опстојувањето на факултетот, и со тоа генерира мноштво проблеми кои директно ја загрозуваат неговата елементарна одржливост во согласност со член 27 од Законот за високото образование и одредбите од Уредбата за нормативи и стандарди. Од досегашната практика, земајќи ги во предвид бројот на запишани и активни студенти, ангажиран или вработен наставно – научен и соработнички кадар, како и оперативната активност на факултетот во делот на организирање на наставно – научни и научно – истражувачки активности, може да се заклучи дека дисперзираните студи во Битола природно се наметнуваат како гравитационен центар на факултетот“ се вели во образложениео за измените на Зконот предложени од група пратеници.

За спроведувањето на предложените изменувања на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, не се потребни дополнителни финансиски средства.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани