Октомври 22, 2019

Webp.net gifmaker

Оваа зима за битолчани монтажно спортско лизгалиште на паркингот кај Спортската сала

Октомври 09, 2019

Новото  лизгалиште во Битола  ќе биде лоцирано на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“. Оваа сезона битолчани ќе добијат монтажно спортско  игралиште финансирано од Владата на Р. С.Македонија.

На 14 овој месец пред советниците во битолскиот Совет  за гласање ќе се најди Програма за измена и дополнување на Програмата за урбана опрема на град Битола со нова локација за лизгалиште.

Владата во август годинава ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 (седум) монтажни спортски лизгалишта и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1  ноември оваа  година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани