2win800x200

Битолчанецот Владе Станковски-Тито освои трето место во боди билдинг и фитнес на светскиот Diamond Cup 2019

Октомври 16, 2019

Битолчанецот Владе Станковски-Тито, македонски шампион во боди билдинг и фитнес минатиот  викенд во Скопје на Diamond Cup 2019 го освои третото место во категорија ветерани, во конкуренција од 25 држави и околу 150 натпреварувачи.

Станковски е повеќекратен државен шампион во категорија ветерани и во полутешка категорија. Има освоено и титула Апсолутен шампион на Македонија во боди билдинг и фитнес. А учествуваше и на натпреварот  Атлета на Македонија каде беше прогласен за шампион во категорија ветерани, над 40 години.

-Долгогодишен труд и постигнати успеси вредни за спомунување, претставник на нашиот град единствен со толку освоени медаљи наши и на меѓународни натпревари. Татко на 3 деца, вработен , но како е прав спортист има време за се. Најубавите мускули се градат со многу љубов и трпение, а не инстант преку ноќ, велат од тимот на Станковски.

72318723 444205909809414 4705322065031331840 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани