Webp.net gifmaker

Класнето и приврзаниците го исчистија дворот на старата општинска зграда

Октомври 20, 2019

Класнето, Марија Магдалена Петковска Микаровска, со своите приврзаници ги исчисти дворовите на старата општинска зграда и објектот каде што порано беше сместен штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се објекти кои веќе подолго време не се користат, а несовесните битолчани ги претворија во ѓубралници и јавни тоалети.

„Денешната акција си беше пред старата Општина. Објект во срцето на градот, а по наше, собиралиште на луѓе кои не внимаваат кај гнасат, а и никој очигледно никако не ги опоменува. Најдовме шишиња купишта, ѓубре, јадење, разградена мачка, пикавци милјарда, грмушките кои треба да се декоративни, се уствари канти за ѓубре, преполни внатре... Додека работевме, си помина кул тип и си уринираше во срцето на градот. Можи го доживуваат како јавно wc еве не знам како поинаку да разберам“, напиша Петковска Микаровска на својот фб профил.

Во акцијата се вклучија ученици од Француската алијанса предводени од Каролин Потеле Златевска, која на својот фб профил напиша: „Пред овие две прекрасни градби, згради на поранешни конзулати и екс-општина, смрдено, со измет, стакло, шприцеви, алишта, пластика, оставени во најцентар на градот.. запуштени и заборавени. Сум поминувала и со туристи и најмногу на тоа се чуделе. Како можат две вакви со историско значење да бидат толку запуштени“. 

Учесниците во акцијата се прашуваат како и зошто е можно да се дозволи историско вредни објекти да се испустат? Апалеираат да се обноват и да бидат атракција за туристи, а не веце!

Инаку ова се објекти во приватна сопственост и Апла.мк летово пишуваше за нивната запуштеност.

https://apla.mk/index.php/direktno/item/3236-ochaen-izgled-na-objektot-kade-polovina-bitola-stapila-vo-brak

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани