2win800x200

Меморандум за соработка потпишаа Македонското научно друштво од Битола и Здружението за наука „Сајанс“ од Велес

Ноември 14, 2019

Во рамки на месецот на науката Македонското научно друштво од Битола и Здружението за наука и иновации „Сајанс“ од Велес потпишаа меморандум за соработка, а целта е континуирана размена на информации, размена на публикации од сопствена издавачка дејност, а ќе работат и на заеднички национални и меѓународни проекти

-Заложбата на Македонското научно друштво е да биде фокусирано кон добивање нови сознанија од сферата на науката и уметноста. Луѓето кои ја сочинуваат структурата на органите и телата на ова друштво, секогаш се стремат кон проширување и воспоставување нови контакти од кои понатаму ќе произлезе и соработка од сферата на науката и уметноста. Посебна чест и задоволство ни е што научното здружение „Сајанс“ од Велес, во МНД Битола препозна еден сериозен партнер со кој во иднина ќе може да соработува и да презема одредени активности за добробит како за академската фела, така и за пошироката јавност, истакна д-р Невена Груевска, претставник на МНД-Битола и иницијатор на проектот.

Двете друштва во наредниот период ќе организираат научни манифестации, собири и конференции дебати со кои директоно или индиректн се помагаат иновации, развој на заедницата и афирмирање на научната мисла.

-Голема чест и обврска е соработката со Макеоднското научно друштво од Битола кое расадник на голем број академици во државата и кое што располага о огроемн потенцијатл во науката и уметноста. Целта е да црпиме што поголеми сознанија, да разменуваме искуств аи знаења, со кои што би ги поттикнале развојот на науката и уметноста во регионот и пошироко. голме број академици и ден денес работи со голем број научни работници, како во земјата така и пошироко, изјави д-р Димитар Анастасовски, претседател на друштвото „Сајанс“ од Велес.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани