Отворен ден на Граѓанско образование во ОУ „Елпида Караманди“

Ноември 22, 2019

 

            Зајакнување на демократската клима во училиштето,поттикнување на  одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницат, како и зајакнување на  нивната иницијативност за позитивна промена е целата на активностите кои ба спороведени  денес во ОУ „Елпида Караманди“ - Битола  во рамките на Отворен ден на Граѓанск ото образование. 

            Активностите  ги подготвија наставниците по граѓанско образование, Снежана Брзевска и Ленче Радевска и стручната служба на училиштето, а во соработка со  Лидија Кондинска советник во Биро за развој во образованието. Сите ученици од 9 одд  беа  во улога на наставници во времетраење од два часа, во сите одделенија и паралелки  одржаа часови на теми од граѓанското образование. Со тоа учениците во улога на наставници стануваат  посвесни за одговорноста на наставниците и тежината што ја имаат да се работи со деца и млади.

               - Соработката со Општината е многу важна особено во делот на младите и младинскиот активизам па затоа гостин на учениците-наставници им беше Борче Корлрвски советник во Совет на општина Битола, со што ќе придонесеме во промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште и поврзување на училиштето со пошироката заедница.  Со особено задоволство сакам да нагласам дека сме училиште кое веќе десетина години е вклучено во проекти за Имплементација на детските права и Дете правобранител и истите успешно ги практикуваме во секојдневното работење на училиштето. Затоа на 20.11.2019 година бевме и поканети на манифестацијата за одбележување на Светски ден на детето и 30 години од донесувањето на Декларацијата за правата на децата во организација на Народен правобранител на РСМ. Присуствувавме и на приемот на Претседателот на Собранието  Талат Џафери. На истата таа средба Децата правобранители од основните и средните училишта на РСМ подржани од Народниот правобранител  им ги врачија во писмена форма нивните барања за унапредување на правата на децата, изјави Тања Дамчевска, директор на ОУ „Елпида Караманди“-Битола

Е.М.

grag2

grag3

grag4

grag5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани