2win800x200

Концентрации на олово над дозволеното во село Поешево

Ноември 29, 2019

Селото Поешево е најзагадено од 19 битолски села со олово, манган и хром. Ова го покажа   истражувањето за присуство на тешки метали во почвата на потегот од Битола до РЕК што го спроведоа ученици и професори од Гимназијата ,,Јосип Бриз Тито" од Битола. Поешево, едно од најблиските села до Битола, оддалечено само неколку  километри од градот,  има  над максимално дозволените  концентрации на олово, а исто така зголемено присуство на манган и хром во почвата.

 

,, Причината може да биде индивудуална,  можеби на таа локација порано се одвивале некои акивности кои оставиле траг во самата почва. Таков пример имаме и во село Брусник каде има повисоки концентрации на олово од околните села и заклучивме дека на тоа место порано многу луѓе топеле кабли и други предмети поврзани со олово, па веројатно попримила и самата почва", рече професорот по географија Мите Ристов.

Олово со повисоки концентрации се забележува и во битолската населба Боримечка, веројатно од индустрискиот дел на Битола и од минатото од активноста на фабриките, исто повисоки концентрации има и во селата околу РЕК.proket 3

Инаку, Поешево е село со развиено сточарство, а има и села каде е забележано присиство на олово во почвата, а се земјоделски. Во нив концентрациите на олово не се над дозволеното, но некаде има зголемено присуство. Исто така и концентрации на манган и хром нема над дозволеното. proket 4

proket

,,Тешките метали штетно влијаат врз земјоделските култури и тие концентрации растенијата ги црпат во своите плодови, а потоа ние ги внесуваме во нашите организми. На тие локации со зголемени концентрации треба да се направи засадување на одредени култури кои ќе ги исчистат на некој начин овие површини", рече Ристов. 

Во проектот покрај него беа вклучени и професорот по хемија Борис  Маслинков  и седум  ученици од гимназијата. Проектот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. 

,,Зедовме примероци од 19 села од околината на Битола и ги истражувавме во лабораторија. Според анализите кои ги направивме се покажа дека околината на Битола и не е толку загадена со тешки метали  освен со олово, кое е многу присурно во повеќе села", рече ученичката Елена Здравковска. 

На презентацијата на резултатите присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска. proket 2

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани