2win800x200

Општина Новаци го празнува Водици, наградени најсреќните што го фатија крстот

Јануари 19, 2020

Со традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“  во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.

Од шеснаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски кој за првпат го извади светиот крст .
Градоначалникот Љубе Кузманоски  од името на општината му додели вредносен ваучер.

Општината обезбеди парични награди за сите среќни фаќачи  на светиот крст во сите 16 населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
На светиот чин на фрлање на крстот во населените места с. Добромири и во с.Рибарци присуствуваше претседателот на Совет на општина Новаци Наумче Смилевски кој му ги врачи вредносните ваучери на среќните наоѓачи на светиот крст.

Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .

ллл

јлу 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани