Нов асфалт за улиците во Долно Оризари

Февруари 17, 2020

Се асфалтираат улици во Долно Оризари. Општина Битола  објави дека станува збор за вкупна должина од  1 километар во вредност од 5,5 милиони денари.

-1 километар нов асфалт на калливите улици во Долно Оризари, вредност 5,5 милиони денари, велат од општината. 

ори 11

Пет улици во населеното место Долно Оризари, за прв пат добиваат асфалт, со што калливите улици, стануваат минато за жителите на оваа населба.

Со средства од Општина Битола, најпрво беа променети водоводните приклучоци кон градската водоводна мрежа, по што следуваше тампонирање на улиците и асфалтирање во должнина од еден километар. Покрај овие пет улици, наскоро се очекува да отпочне изградба на уште две улици, со помош на Пелагонискиот плански регион. 

оризари

оризари 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани