2win800x200

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со медиумите даде одговори на јавно поставените прашања во врска со резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година.

 

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска,и претседателот на Студентското собрание на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, Борис Гушевски потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции, со кој се овозможува студентски попуст од 50 проценти на влезниците во сите национални установи од областа на културата.

„Со оваа значајна иницијатива за студентски попуст во сите национални установи што се под надлежност на Министерството за култура, овозможуваме културните настани да се подостапни за студентите, како и да обезбедиме поквалитетен студентски живот и подигнување на нивниот стандард“, рече Костадиновска-Стојчевска, на потпишувањето на Меморандумот на што присутни беа и ректорот на Универзитетот, проф.-др  Игор Неделковски, и проректорите Горан Илиќ и Јасмина Буневска-Талевска.

Потпишување Меморандум за соработка со УКЛО 14

Костадиновска-Стојчевска посочи дека иницијативата ќе се прошири и за средношколците, а дека во приоритетите на професорскиот кадар и на политичарите е да обезбедат услови за младите да останат во државава. „Наша должност е да обезбедиме иднина за младите и да понудиме можности за нивен развој уште на почетокот на нивното образование“, рече министерката за култура, која додаде дека младите остануваат во фокусот на нејзиниот мандат.

Имено, со измените на Законот за игри на среќа е превидено да бидат пренасочени средства во фонд за заштита на културно наследство, па затоа Костадиновска-Стојчевска додаде: „Со измените на Законот се предлага стипендирање на дефицитарни кадри на групи од Филозофскиот факултет во Скопје, и тоа од областа на историјата на уметноста, археологијата и етнологијата, одредени наставни групи на ликовна академија и архитектура, односно кадри за кои постои дефицит во нашите установи од областа на заштитата.  Доколку има вакви групи и на Универзитетот во Битола, ќе пристапиме кон дополнување на предлог-измените на овој закон, кој го помина првото читање во собраниските комисии“, рече Костадиновска-Стојчевска, која потсети дека Владата во изминатиот период стипендираше и студенти по македонски јазик, особено во наставна насока, поради дефицит на кадар во оваа област.

Потпишување Меморандум за соработка со УКЛО 12

Како добра мерка за младите да останат во државава и полесно да добијат можност да бидат дел од националните установи од културата, Костадиновска-Стојчевска го спомена и Предлог-законот за култура, со кој, како што рече, се предвидени категории на работни места без работно искуство.

Инцијативата за студентски попуст во националните установи од културата започна со потпишување на Меморандумот за соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а поради добрата практика, министерката за култура изрази надеж дека и студентски собранија на другите универзитети ќе ја прифатат оваа мотивирачка мерка.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска (3 октомври) во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот.

На прес-конференцијата беше кажано дека и оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку Националниот портал за е-услуги.

„Главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти – квалитет, иновативност, креативност“, рече Костадиновска-Стојчевска, која ги посочи новините и промените што се напревени  во Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, за кои како што рече, ќе дадат дополнителен квалитет.

Министерката за култура објасни дека следејќи ги потребите и трендовите, Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии.

„Тоа значи дека во предлог-буџетот за 2024 г. ќе се отвори нова програма, со посебни финансиски средства. Условите, правилата и приоритетите за пријавување во новата програма за креативни индустрии се објавени на веб-страницата https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw2YMCdrdLScJcVnkAxE4GG-">uslugi.gov.mk. Да напомнам дека овој посебен конкурс се однесува само на областите и активностите кои се дел од креативните индустрии, кои не се опфатени со други конкурси и кои досега немале можност да бидат финансирани“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека, ако креативноста се потенцира како една од најважните вештини во промените на новото време, поттикнати од четвртата индустриска револуција, ние тој чекор мора да го фатиме.

−Креативните индустрии стануваат битен двигател на економиите, креираат нови работни места, носат профит, но се и промотори на културниот идентитет. Поставувањето на нова буџетска програма која ќе ги поддржи креативните индустрии е влог во нашиот интелектуален потенцијал и уште една системска поддршка на културната индустрија. Зашто креативноста, иновативноста и оригиналноста се „тројство“ што културата ја издигнува на пиедесталот во т.н. нова економија. Тоа го препознаваме и затоа отвораме нова буџетска програма наменета за креативните индустрии− истакна Костадиновска-Стојчевска.

На Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, во заштитата на културното наследство ќе има 3 посебни пријави по дејности кои досега беа на иста пријава: библиотечна дејност; музејска дејност и нематеријално културно наследство; заштита на недвижно културно наследство и на аудиовизуелни добра.

Како што објасни Костадиновска-Стојчевска, целта е да се поедностави и да се олесни процесот на пријавување, критериумите, мерилата за оценување на пријавите и начинот на финансирање не се променети, станува збор само за посебни пријави.

Меѓу другите новини, министерката за култура информираше и дека во Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, во делот за меѓународната соработка е предвидена финансиска поддршка на иницијативи и проекти кои се во насока на унапредување на стратегискиот дијалог со САД, унапредување на соработката со државите членки на иницијативата „Отворен Балкан“, како и проекти што се во функција на поврзување со дијаспората.

„Приоритет ќе имаат и проектите што ќе нѐ промовираат во градовите- европски престолнини на културата во 2024 г., како и во земјите претседавачи со Европската Унија во 2024-та. Го прошируваме и списокот на поддршка, котизација за членство во меѓународни организации и асоцијации. И овие измени, во делот на приоритетите и условите во меѓународната соработка, се објавени на веб-страницата https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw2YMCdrdLScJcVnkAxE4GG-">uslugi.gov.mk“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Таа потенцираше дека искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детска литература на македонски јазик и токму затоа на денешната прес-конференцира ги охрабри авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс.

„Сакам да ги охрабрам и младите автори, кои и натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“, дополни министерката за култура, која потсети дека системот автоматски го „препознава“ невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти можат да конкурираат по дејност.

Како што рече Костадиновска-Стојчевска, ова го нагласува, за да не се случи да пропаднат добри проекти поради невнимание. 

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw2YMCdrdLScJcVnkAxE4GG-">uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на овој национален портал.

Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (https://www.google.com/url?q=http://kultura.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw3GUTaLADmIFS4SxMuWxbxZ">kultura.gov.mk).

Решенијата за прифатени, за одбиени или за отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани