2win800x200

ДОКТОР ВО БАЧ ПО ПАУЗА ОД 13 ГОДИНИ

Септември 05, 2018

Пелагониското село Бач по 13 години ќе добие амбуланта со доктор и медицинска сестра, најави градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски, при денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче.

„За две недели ќе биде отворена амбулантата, инфраструктурата веќе е спремна. Последно доктор во општината Бач имаше во 2005 година кога таа како Општина згасна и беше приклучена кон Општина Новаци и оттогаш тие шест населени места со околу 600 жители немаа доктор. Сега ќе има амбуланта, доктор и медицинска сестра. Дали тоа ќе биде ден, два или три неделно, зависи од потребите на месното население“, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

 

Министерот за здравство Венко Филипче кој денес ја посети Општина Новаци изјави дека состојбите во амбулантите посебно во руралните средини е лоша зашто има дефицит на медицински кадар. Тој денес ја посети и амбулантата во Новаци, па со медицинскиот тим таму разговараа за изнаоѓање на решенија за излез од ситуацијата.

„Недостасуваат огромен број на лекари и медицински сестри. Токму за време на посетата на амбулантата во Новаци разговаравме како да направиме стратегија населението да не остане брз здравствена заштита зашто ситуацијата може да биде дополнително полоша во периодот кој следува оти голем број на доктори дополнително ќе заминуваат во пензија. Направени се тимови со Фондот за здравствена заштита и се разгледуваат неколку модели. Наскоро ќе кажеме кој модел ќе биде имплементиран“, рече Филипче. .

Тој најави дека мобилни медицински тимови ќе ги посетуваат амбулантите во руралните средини каде жителите ќе можат да добијат лекарска грижа неколкупати неделно.

„Тој модел би се надополнил и со моделот на мобилна аптека и на тој начин жителите и пациентите во сите рурални и селски средини кои во овој момент немаат на располагање ни доктор ни сестра, неколку пати во неделата ќе бидат посетени“, рече Филипче.40988424 640586339668292 5065700817944707072 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани