2win800x200

Марјан Танушевски одликуван со медал за лидерство на Европски лајонс форум

Октомври 29, 2018

Марјан Танушевски, член на ЛК „Битола“ го доби највисокото европско признание – медал за лидерство, а одличјето лично му го врачи претседателката на Светската лајонс федерација, Гудрун Ингвадотир од Исланд, во присуство на нејзиниот прв заменик меѓународен претседател Јунг Јул Чои од Јужна Кореа и вториот заменик меѓународен претседател на светската Лајонс федерација, Хајнес Таунсенд од САД.

 

-Република Македонија деновиве беше домаќин на историски значаен самит на членовите на најголемата хуманитарна организација во Светот, која за прв пат во стогодишната традиција на лајонизмот ја предводи жена, ислаѓанката Гудрун Ингвадотир. На Европскиот форум во Скопје учествуваа над 900 лајонси од континентот, но и од САД, Јужна Кореја, Индија, Либан и други држави од сите меридијани со кои дебатиравме за меѓународната соработка на лајонсите од Европа со лајонсите од Азија и Африка, соработката на лајонсите со Обединетите Нации, програми за грижа за младите, правилно насочување и развој, а беше промовирана и идејата за отворање на тренинг центар за кучиња водичи за слепи лица во Република Македонија, по примерот на Швајцарија. Искрено, големо е задоволството што е препознаен мојот ангажман, креативност и придонес во лајонизмот, изјави за АПЛА, Марјан Танушевски, кој на Лајонс Европа Форум во Скопје раководеше со поткомитетот за односи со јавност и информации во државата и странство..

65-от Европски форум на лајонсите ќе се одржи во Талин, главниот град на Естонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани