2win800x200

Клучот од развојот на општина Битола е во рацете на Петровска

Октомври 25, 2017

Клучот од општина Битола денес заврши во рацете на новата градоначалничка Наташа Петровска. Симболично, по влегувањето во градоначалничкиот кабинет, и го даде екс градоначалникот Владимир Талески. Овој клуч не само што ја отклучува општинската врата, туку е и вреден сувенир кој се доделува по втор пат во историјата на градот. Првиот клуч беше направен пред десетина години и подарен на француската општина Епинал по повод 40 години од збратимувањето со Битола.

 

Талески на Петровска и го додели клучот при примопредавањето на кабинетот признајавќи дека ова е историски момент за Битола зашто првпат на нејзино чело застанува жена која доби убедливо многу гласови, над 31 000 што не се случило на ниедно гласање во Битола до сега. На заминување изрази надеж дека таа ќе ги доврши проектите што претходната власт ги започна и ќе реализира нови, притоа истканувајќи дека многу е важна поддршката од централната власт за кое рече, дека оди многу тешко зашто живееме во мала држава со не многу големи ресурси.

Петровска на денешното обраќање пред новинароте во градоначалничкиот кабинет, а подоцна и од советничката говорница порача дека нема дилема оти цела своја желба, енергија и ентузијазам ќе ги вложи во развојот на Битола.

-Да се биде градоначалник е пред се одговорност, а дури потоа привилегија. Битола на многу полиња треба да доживее напредок, развој, просперитет. На граѓаните не им е важна политичката припадност, важно им е да им се обезбедат подобри услови за живот. Политичарот не е функција за себе туку во служба на граѓаните. Без да ја изврши таа улога, политичарот е никој и ништо- рече Петровска.

За општината вети дека ќе биде отворена, транспарентна, услужна за сите. За вработените во општината администрација порача дека единствена мерка ќе бидат  професионализмот, посветеноста во работата и стручноста. На советниците им порача „бидете истрајни во борбата за поубава Битола, вистински двигатели на развојот на Битола со  аналитички дискусии кои ќе видат до вистински решенија“.

Во нејзините раце не останува само клучот од објектот, туку и клучот од развојот на Битола. Во следниот период ќе има многу работа зашто Битола ја наследи со училишта со блокирани сметки, недоградени спортски објекти, река која од загаденост стана колекторски ситем, неурбанизирана ромска населба, нечист воздух, нереализирана топлификација, непостоење на покриен базен... Листата е долга, на потег е првапат жена градоначалник на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани