2win800x200

Татковци и ќерки тајно вежбале танц за да ги изненадат мајките (видео)

Март 07, 2019
{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=CYlefC32vj0&feature=youtu.be{/YouTube}

Татковци и ќерки скришум од мајките подготвија танц по повод Денот на жената 8 Март и го изведоа на приредбата во градинакта „Естреја Овадија Мара“ во Битола

Девојчињата од групата „Срцки“ на возраст од 4 и 5 години во клонот „Пролет“, заиграа заедно со  татковците  и ги освоија срцата на сите присутни на приредбата, но и на оние што го погледнаа видеото кое се споделува на социјланите мрежи.

Од „Естреја Овадија Мара“ за апла.мк велат дека татковците изминатата недела вежбале со ќерките без да знаат мајките, кои се прашувале зошто толку долго заедно се задржуваат во градинка. За да биде танцот изненадување, татковците и ќерките им рекле дека изработуваат честитки, а децата успеале да ја сочуваат тајната до денешната приредба.

Идејата за овој заеднички танц на таковците и ќерките е на тимот во градинката „Пролет“, Анета Атанасовска, воспитувачка, Елисавета Пауновска, негувателка и Снежана Ивановска, професор по музичко.

Еден од татковците кој го сподели видеото на својот ФБ профил напиша

„ПОСВЕТЕНО НА НАШИТЕ МАЈКИ, СОПРУГИ, БАБИ И СИТЕ ЖЕНИ - Честит 8-ми Mарт! ТАТКОВЦИ И ЌЕРКИ - ONE REAL LOVE!“

Инаку, денеска во сите клонови на градинката „Естреја Овадија Мара“ се одржаа осмомартовски приредби, а децата заедно со воспитните тимови вредно работеа изминатиот период

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани