Новата градинка во Касарната ќе згрижува 150 деца во смена, ќе ја градат Општината со Кромберг и Шуберт и Министерството за труд и социјална политика

Април 29, 2019

Локалната власт од Битола  заедно со германската инвестиција, фабриката Кромберг и Шуберт и во добар дел со поддршка на Министерство за труд и социјална политика  ќе ја градат градинката во поранешната Касарна во Битола.  Во овој момент во тек е постапка за избор на проектант, а градинката ќе се изгради за период од две години.

-Општина Битола заедно со Кромберг и Шуберт и Министерство за труд и социјална политика  ќе ја гради градинката во делот од Битола наречен АРМ. Полниот капацитет од околу 150 деца во смена, според постоечкиот план, ќе се гради во 2 фази. Првата, која ќе биде  функционална целина,  планирано е да биде завршена  за не повеќе од 24 месеци. Во тек е постапка за јавна набавка за избор на проектант, велат од стручните служби на Општина Битола за Апла.мк.

Како што Општина Битола соопшти пред два месеца со изградба на нова градинка во поранешната Касарна во Битола ќе се намали бројот на деца кои чекаат за прием во постоечките детски градинки.

При евалуацијата на проектите за нова детска градинка во населбата АРМ во Битола беше наведено дека „Проектот детска градинка во АРМ четврт-два, зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.

Во тек е постапка за јавна набавка за изработка на основен проект за изградба на детска градинка ГП 15.3 во АРМ чет.2 во Битола согласно ДУП и согласно проектна програма. Комисијата е во фаза на евалуација на пристигнатите понуди за изработка на основен проект за изградба на детска градинка. По изборот, Општина Битола ќе склучи договор за изработка на основниот проект.

Целосната проектна документација ќе биде одобрена од страна на Министерството за труд и социјална политика, кое го дава Решението за функционирање на градинката.

Со оглед на постојаниот пораст на бројот на деца, чии родители сакаат нивно згрижување во градинките, Општина Битола работи и на можностите за проширување на постоечките капацитети на градинките, а конкурира и на проекти за нови објекти наменети за детски градинки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани