И битолчани се искачија на Голем Крчин заедно со братството од Бигорскиот манастир и сестринството од Рајчица

Август 19, 2019

Над седумдесеттина битолчани, планинари, рекреативци, верници, во саботата се искачија на врвот Голем Крчин (2341 м).  Тие беа само еден дел од повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти –кои од сите страни на нашата држава  се искачат на овој чудесен по својата убавина врв. Четврта година по ред братство од Бигорскиот манастир и сестринства од манастирите на Светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, (манастирот Рајчица)цпредводени од Архимандрит Партениј, отслужија Божествена Литургија на врвот Голем Крчин каде се возобновува црвата посветена на „Св. Преображение“.

бигорски 1

69131651 2816731298355732 7086043272090484736 n

67635736 2300969073356709 5336388718003486720 n

 

Павлина Василевска , планинар од Битола за апла.мк изјави дека искачувањето на Голем Крчин започнало од раните утрински часови , од 3 часот после полноќ во саботата и траело околу 5 часа.

-Стотици верници тргнавме кон врвот, а монасите од Бигорскиот Манастир ни  дадоа  да носиме по една кеса со песок во  ранецот , бидејќи на врвот се обновува црвата  „Св. Преображение“. Ни беше кажано дека секој од нас кој сака да се причести во текот на искачувањето не смее да пиеа вода и да јаде шест часао . Тоа го сторив и јас  иако беше напорно и се причестив. Чувството да се искачете на врвот  е неописливо , со многу емоции, возбуди и воздишки, вели за апла.мк Василевска.  

a 11 1

На веб страната на Бигорскиот манастир во текст под наслов „Таворски блесок на врвот Крчин“ пишува за настанот.  

-Повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти – притекнаа од сите страни на нашата земја за да се искачат на овој чудесен по својата убавина врв, и таму, во пресрет на празникот Преображение Христово, да се сретнат со Добриот Бог, Кој ги исполни нивните срца со двојна радост. Оти, да Му се служи на Бога на овие природни висини е особено длабоко искуство. Чиниш, се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи Му благодарност на Бога за големите добрини со кои Он ги исполнува нашите души. Божествената, пак, енергија на љубовта и веселото духовно расположение, кое извираше од самата богослужба, веруваме ќе придонесе за ова необично искуство уште долго да се прераскажува. Навистина беше прекрасно да се види големиот број на причесници, кои за својот необичен подвиг примија обилен благодатен благослов. Бог нека ги просветли нивните срца, та сите да Го познаат во Неговата возвишена љубов; а љубовта е солта на земјата, љубовта е одговор на сета горчина, таа прави се’ да биде исполнето со длабока и божествена смисла, стои во веста.

a 11 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани