ЗАФАТ НА РЕК „БИТОЛА“ ВО КОТЛАРАТА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗА ПОДОБРА ГРЕЈНА СЕЗОНА

Септември 18, 2019

Стручен тим од РЕК „Битола“ помогна да се отстранат дефектите и да се подобри работењето на котларата во битолската Клиничка Болница. Зафатите што РЕК ги изведе во установата изнесуваат 20 000 евра. Со ова Болницата без проблеми ќе ја дочека грејната сезона и веќе нема да има загуби од пареа и вода во системот за греење.

болница 2

(Стручниот тим на РЕК „Битола“ и менаџерскиот тим на Клиничката болница од Битола

„По обраќањето на Клинилчката болница до стручниот колегиум на РЕК Битола за проблематиката што ја имаат во котларата, стручен тим на РЕК ја констатира состојбата и со опрема изведовме одредени зафати. Се санираа повеќе цевководи, колектори, како и опшивката на котелот. Мислам дека со ова РЕК Битола придонесе за општото добро на пацинетите и другите граѓани од Битола и регионот. Со оваа санација се овзоможи да се намалат загубите што ги имаа во Болницата во однос на пареа, вода, се создадоа услови за добра грејна сезона“, изјави м-р Пеце Матовски координатор за електро-машинско одржување во РЕК „Битола“.болница

 

пеце

Директорот на Клиничката болница од Битола Д-р Зоран Лазаров им се заблагодари на ЕСМ и РЕК за понудената рака во реновирање на котларата.

„Ние имаме проект за греење, ладење и вентилација на Болницата кој го подготвува Кралскиот институт од Шведска. До реализација на тој прокет, за што е потребно време, го решивме горливот проблем со котларата, го решивме проблемот со греењето и со добивањето на топла вода во Клиничката болница “, рече Лазаров. .

И во минатото, РЕК Битола интервенираше на одржување на системот за греење во болницата, интервентно во текот на зимата. Оваа годинава направени се превентивни зафати за да се избегнат слични ситуации.

Зафатите во Клиничка болница Битола се дел од активното практикување на општествената одговорност на АД ЕСМ и РЕК Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани