Изложба на учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Епинал, Франција

Септември 23, 2019

На покана на градоначалникот на Епинал Мишел Хајнриш од 19 до 22 септември, поточно до вчера, во оваа француска општина престојуваат ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, кои беа вклучени во програмата на Фестивалот на сликите што се одржуваше во градот.

Учениците ја претставија изложбата насловена „100 години од МАкедонскиот фронт- секојдневниот живот на линијата на фронтот“, која минатата година беше поставена во повеќе од 20 градови во нашата земја, а беше реализирана од Асоцијацијата на наставници на Македонија, подготвена од професорите Иљо Трајковски и Мире Младеновски, а финансиски поддржана од Министерството за култура. 

„Со помош на Француската амбасада во Скопје и Францускиот институт, како и на почесниот конзул Калиопа Стилиновиќ Кривашија, оваа изложба се преведе на француски јазик, се испечатија паноа во Франција и во саботата за првпат беше презентирана пред многубројната публика во градот Епинал, каде со голем интерес беше проследена од јавноста.Учениците со своето ангажирање и презентација на изложбата на француски јазик, достојно ја претставија историјата на Битола и Македонија и беа срдечно примени од градоначалникот и јавноста во Епинал“, соопшти за Апла.мк професорот Иљо Трајковски. 

Оваа изложба остава силен впечаток кај посетителите, опишувајќи го периодот на Првата светска војна. Прикажани се бројни сведоштва за фронтот. Акцентот е ставен на секојдневниот живот на луѓето, особено на цивилното население кое било зафатено од виорот на војната.гимназија

гимназија 2

гимназија 3

гиманазија 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани