2win800x200

Лепенки со радиокативност по шахтите, од СДСМ велат ова е дело на политичко инструирани индивидуи

Октомври 09, 2019

Лепенки со предупредувачки знак за радиоактивност и натпис „Иди зима“ денес беа залепени на повеќе шахти низ градот. Официјално не се знае кој ги поставил, а на социјалните мрежи некои напишале дека ова е акција на група битолчани поради загадениот воздух.

По ова со писмена реакција се огласи СДСМ истакувајќи дека ова е очаен и крајно неинвентивен обид за заплашување на граѓаните, предизвикување паника меѓу нив со употреба на разни семиотички симболи кои имаат за цел да предизвикаат внимание.

 

„Ако се земе предвид дека станува збор за нерегулирано поставување на самопрогласени знаци на јавна површина, а со тоа истата се оштетува, тогаш навистина вниманието треба да се сврти кон оние кои повторно со уништување на јавен и општински имот сакаат да си поиграат со граѓаните и да предизвикаат паника онаму каде нема простор за истата. Уште поголемо внимание треба да се стави на самите знаци кои укажуваат на радиоактивност која сите добро знаеме какви последици има по здравјето“, пишува во реакцијата.

Од СДСМ посочуваат дека во време кога се поставува новата урбана опрема од страна на ЈП Комуналец, во време кога Општина Битола и Владата на Република Северна Македонија нудат субвенции за инвертер клими, електрични возила, кога РЕК Битола е во постапка за набавка на електростатични филтри, се набавуваат 4 еко автобуси, кога после 12 години редовно се чистат депониите, во екот на масовни акции за чистење на градот и пошумување на зелените површини, ваквите постапки немаат никаква друга цел освен обид за прибирање на ситни политички поени и остварување на политичко инструирани цели на индивидуалци.

„Она што треба да се објасни на јавноста и граѓаните на Битола е: дали оваа ‘герила’ акција е навистина случајна и добронамерна или целта е строго политичка“, пишува во реакцијата нс СДСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани