ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

Октомври 10, 2019

Со воведот во работа, кој денес започна во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, на кој присуствуваа претставници на Проектот за локлана и регионална конкурентност (ЛРЦП), претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, започнува постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, информираат од Општина Битола.

4

По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.

72312207 2564001847161408 15796911189524480 n

 

 

20191010 104328

 Овој архитектонски бисер на битолски Широк Сокак, со години беше оставен да пропаѓа, а внтарешноста и надворешноста целосно се руинирани. За негрижата на ова културно наследство поранешниот градоначалник Владимир Талески беше обвинет, но Основниот суд во во Битола, му изрече ослободителна пресуда, која се уште не правосилна. 

5

Претходната власт се обиде да го продаде овој објект,  на што жестоко се спротиставија битолчани, па се откажа од оваа намера. 

Со реконструкцијата Офицерскиот дом треба да го врати стариот сјај на кој се сеќаваат повозрасните битолчани, а сите со нетрпение очекуваат да се реализира овој проект

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани