За Василица битолчани ќе исукаат и изедат 40 000 мазници

Јануари 12, 2020

Како и секоја година, битолчани совреме ги почнаа подготовките за прослава на православната Нова година и празникот Св Василиј Велики познат како Василица, што традиционално во Битола се одбележува со сукан мазник во кој сите ја бараат паричката.

Битолчани за овој празник имаат поголеми подготовки и го доживуваат со поголема радост отколку Нова година, а рестораните се резервираат и еден месец порано..

Василица во Битола се слави три дена пред и три дена по 14 Јануари, кога мазник се врти во секое домаќинство, на работните места, а претходните денови овој адет се прави меѓу друштвата, колегите. Но и по празникот по битолските кафеани ќе сретнете друштва кои со задоцнување вртат паричка и го прават адетот.

За некогашната шега, Василица да биде нерботен ден за битолчани, сега се зборува многу сериозно, затоа што масовноста на празнувањето до раните утрински часови, предизвикува проблеми, па речиси никој не може да се појави на работното место.

Домаќин обично е оној кому му паднала паричката претходната година. Се јадат колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина. Домаќинот го дели мазникот на онолку парчиња колку што има гости во куќата. Секој ја а бара паричката, а за оној што ќе ја пронјаде, се верува дека среќата ќе му биде наклонета целата година.

Она што е посебно интерeсно во мултиетничка Битола, што на адетот се приклучуваат и муслиманите. Вртењето на мазникот не се пропушта и во фирмите, а тука учествуваат сите без разлика на верата.

Современите битолски домаќинки во последните години ги избегнуваат домашните собирања, па битолчани се повеќе ја напуштаат традицијата, а мазник се врти организирано во рестораните. исто така, веќе ретко може да се проба домашен сукан мазник, а битолските пекари не можат да престигнат да ги ипорачаат сите нарачки и се претпоставува дека за празникот се продаваат околу 40 илјади мазници

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани