2win800x200

Интервју со Снежана Иваноска, музички педагог во пензија-Допрва ќе сработам и учебник за предучилишно музичко образование

Јануари 16, 2020

Магистер Снежана Иваноска е познат музички педагог кој целиот свој работен стаж го поминала во битолските градинки. Таа заминува во пензија оставајќи многу реализирани и трајни проекти зад себе вредни за музичкото образование на децата од претшколска возраст. Во кусиот, но со душа споделен разговор за Апла.мк таа вели дека работата во градинките насочува и остава трајни вредности, кои се носат целиот живот. За пензионерските денови не планира да ги помине во досада, туку најавува учебник за предучилишно музичко образование, по теми, каде како трајни вредности ќе ги остави сите нејзини авторски песнички, напишани досега, за новите генерации.

снезее

Апла-Колку време од вашиот  работен стаж го поминавте во битолските градинки како музички педагог. Имате ли некоја бројка колку деца поминале „низ вашите раце“?

Иваноска-Од првиот ден, 37 години и неколку месеци.

Во градинките „Естреја Овадија Мара“ имаме 900 деца во текот на една година. Во почетокот бевме една организација, подоцна се одделија градинките „Мајски цвет“. Заедно во двете градинки се околу 1600 деца. Кога оваа бројка би ја помножиле со годините на стаж ...сите деца што посетувале градинка, па и нивните деца, тоа се многу. Многу деца.

Апла- Што ви остана најмногу во сеќавање од вашата работа со децата, можеби анегдота, среќна или пак тажна случка.

Иваноска-Во музиката и децата нема тажно. Музиката го допира срцето, децата будат радости. Најголемо благодарам е кога ќе ти притрчаат во прегратка.

Апла-Децата ве паметат како „тетката на пијаното“, колку ве исполнуваше работата, со оглед на тоа што  и самите пишувавте песнички за деца. Што е она што успеавте да го реализирате  во вашиот работен век, а што не сте успеале. Има ли нешто што останало не сработено, не реализирано?

Иваноска-Работата во градинките ве насочува, остава трајни вредности, кои се носат целиот живот. Секоја идеја спонтано се реализира. Сработивме интерен проект ќе се презентира  напролет со кој ги оставам музичките игри со цел да продолжат да се реализираат со генерациите што доаѓаат. Допрва ќе сработам и учебник за предучилишно музичко образование, по теми како би ги оставила моите песнички. Како магистер сметам дека тоа треба да го направам.   

Апла-Од оваа дистанца што му недостига на концептот на претшколско воспитување на нашите деца. Што е она што треба да се задржи, односно да се менува како начин на работа?

Иваноска-Најважно е ништо да не се менува, имаме прекрасна програма за работа. Важно  е да се работи со љубов и во сите градинки да има музички инструменти.

Апла-Како планирате да ги поминувате пензионерските денови. Ќе ви недостигаат ли дружбите со децата и кафето со колешките.

Иваноска-Со колешките ќе се гледаме , а со децата ќе го направам замисленото ...слободно време, патување, сликање, читање, пишување. Ништо од ова не се планира ...тече како река која ја знае патеката.

снезз1

снежжж2

сене1

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани