Вевчанските мајстори го обновуваат Офицерски (Фотогалерија)

Февруари 09, 2020

 

Обновата на Офицерскиот дом во Битола, не е веќе само желба на битолчани, туку реалност.

 

Градоначалничката Наташа Петровска денеска изврши увид во работите што се одвиваат на терен и на својот ФБ профил напиша.

"Увид на работата во Офицерски. Се распаѓаат слоеви од пред многу децении. Сигурно, чекор по чекор до сјајот шти го заслужува оваа зграда"

Од Општината велат дека и покрај ладното време, во внатрешноста на домот се работи со забрзана диманика. Според одговорните лица, старите слоеви од малтер треба првично да бидат отстранети, за да може да се нанесуваат соодветните материјали, по што ќе следуваат и останатите реконструктивни зафати. Тие ја запознаа градоначалничката со досегашните зафати, кои што не можат да се видат од надворешна страна.

Офицерскиот дом, неговата реконструкција и враќањето на стариот сјај на битолскиот бисер, беше еден од клучните проекти во овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска, се наведува во соопштението од Општина Битола.
Е.М.

 

FB IMG 1581262275130

FB IMG 1581262270239

FB IMG 1581262264117

FB IMG 1581262250434

FB IMG 1581262244815

FB IMG 1581262162922

FB IMG 1581262152884

FB IMG 1581262147524

 

FB IMG 1581262142682

FB IMG 1581262137470

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани