2win800x200

Тимови на ЕСМ им се приклучија на општинските јавни претпријатија за дезинфекција на Битола

Март 27, 2020

 

 

Државните електрани заедно со РЕК Битола, ФОД и синдикалните организации од овие компании, со екипа од 50  опремени и обучени лица, на повик на Општина Битола денеска започнаа со дезинфекција во сите влезови на станбените единици во Нова Битола.

received 254806638884564

Тимот ќе биде на располагање на општината додека трае кризата со КОВИД-19. Масовната дезинфекција на станбените комплекси во Нова Битола во придружба на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски ја координираа генералните директори на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на ФОД-Битола, Методија Тасевски.

received 2336543789781455

– Ќе направиме се што е во рамки на нашите можности и надлежности, а нашите професионалци постојано ќе вршат дезинфекција на колективните станбени заедници, објекти во кои има најголема популација од населението, ќе се дезинфицираат индивидуални станбени објекти но и институции на кои ќе им биде потребна помош, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

received 254806638884564

Според него, ЕСМ уште еднаш потврди дека е општествено одговорна компанија.

-Освен општествената, сакаме да ја потврдиме и личната одговорност кон заедницата. Затоа е потребно сите заедно, посветено и одговорно да се справиме со коронавирусот, додаде Ковачевски и најави акции и во други македонски градови.

received 204301800857059

Покрај екипата од 50 опремени и обучени лица со специјални пумпи, РЕК Битола ќе донира и уште 50 пупми за потребите на Опшина Битола, која пак ја координира акцијата на сите јавните претпријатија, во соработка со Црвениот Крст, за дезинфекцијата на јавните површини низ градот како и на колектвните станбени згради

received 526803108036423

- Во рамките на оваа акција преземаме активности за чистење, метење, прскање на јавните проментни површини, коловозите, патеките со механзација, а од друга страна работниците на јавните претпријатија учествуваат во дезинфекција со рачни пумпи на влезовите на станбените згради. Во ноќните часови се прскаат коловозите и пешачките премини. Акцијата е веќе при крај, а потоа продолжуваме со машинскиот дел за дезинфекција. Од денес имаме поддршка и од РЕК Битола, а  исто така од Црвениот Крст имаме најава за граѓани волонтери кои што сакаат да помогнт во оваа акција, па се надеваме дека во недела кога граѓаните се посолободни ќе се вклучат. Кога ќе го завршиме овој дел со колективни згради, продолжуваме во индивидуланик уќи, односно површините пред дворовите, на пешачките патеки и коловозите. Тоа ќе го правиме со машини, рече Панде Богоевски, директот на ЈП Комунелец

.received 2822211514542865

Тој додаде дека останатите дејности се извршуваат со вообичаена динамика, посбено подигањето на комуналниот смет кој се подига редовно, како и одржувањето на зелените површини и уличното осветлување.

received 2883378781739236

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани