Битолската обиколница добива нов лик

Мај 08, 2020

Продолжува градбата на заштитниот ѕид на обиколницата над Битола. 

 

„ЈПДП изработи проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола и од вкупната должина на обиколницата од осум километри, констатира дека има потреба за поставување на бариери на еден дел од обиколницата во должина од над еден километар. Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег“, рече претседателот на Советот Валентин Груевски. 

Јавното претпријатие за државни патишта согледувајќи ја потребата за поголема безбедност и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население во февруари годинава потпиша договор за изградба на заштитна ограда на обиколница Битола. obikolnica

Делницата на која се поставуваат бариерите започнува пред мостот до влезот на тунелот со тоа што на крајните делови ќе се постават ѕидови за да се спречи и поминување на пешаци.

Јавното претпријатие за државни патишта обезбедува услови на потребното ниво за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соодветно на категоријата на патот, како и заштита на населението од создавање на прекумерна бучава поради близината на нивните куќи до патот.

Бариерата ќе биде од бетон и гума. obikolnica 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани