Се прават епидемиолошки анкети со заболениот од градинките, засега нема нови позитивни во овие установи

Мај 16, 2020

Центарот за јавно здравје прави епидемиолошки анкети со контактите на вработениот во детска градинка во Битола  кој е позитивен на КОВИД-19. Никој нема да биде исклучен од изолација  доколку имал контакт со заболениот,  инфомрираат од ЦЈЗ за апла.мк. 

Нема нови позитивни случаи од досега добиените  резултатите од тестовите  за  215 вработени во градинките. Вкупно со скринингот беа опфатени  322 лица од  градинките во општините кои ги покрива Центарот за јавно здравје од Битола. 
 
Досега се земени вкупно 676 брисови, од нив 492 во Битола, останатите во соседните општини. Позитивни се 29 лица, од кои 26 со место на живеење во Битола. 
 
 

97948525 137045574611177 4189649762984656896 o1

 
97948525 137045574611177 4189649762984656896 o1
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани