2win800x200

МОНМАРТР ОТВОРЕН БЕЗ МЛАДИТЕ ТВОРЦИ, СО ГАЛЕРИЈА ОД НИВНИ ЦРТЕЖИ

Мај 23, 2020

За првпат во 39 –годишното  постоење детскиот фестивал  „Мал Битолски Монмартр“ годинава се одржува без детските ликовни амбасадори. Во Битола не допатуваа деца од целиот свет како што е традицијата на Фестивалот, но ги испратија нивните цртежи кои се поставени во просториите на Детското ликовно струдио „Св.Кирил и Методиј“ во Битола.

„ Жално е , биотолските улици нема да бидат насликани, градот нема да биде преполн со дечиња. Но такви се околностите. Затоа отворањето ќе биде сведено само на доделување на наградата Гран При за ученичката Марија Дима од Букурешт Романија. На конкурсот пристигнаа над 15 000 творби, стручното жири ги одреди наградите, по потоа се појави болеста и годинава останавме без гости. Но, затоа ја имаме светската изложба,  38  по ред и изложени се 717 дела од млади ликовни творци ширум светот“, рече Елена Хаџи Антоновска од Детското ликовно студио во Битола.

 Гран При наградата ѝ е доделена на ученичката Марија Дима од Букурешт, Романија,која има битолско потекло. Но, поради актуелната состојба со коронавирусот таа не можеше да допатува во Битола и да ја подигне. Место неа, наградата ја зеде романскиот почесен конзул во Битола, Александрас Мамакис кој преку  преку Романската амбасада ќе му ја испрати наградата на ученичката.

„Големо задоволство и чест е ова, преку Романската амбасада ќе биде испратена во Романија , а во исто време бидејќи се совпаѓа со Националниот ден на Романија, на градоначалничката иѝ подарувам Монографија за влашкото населние во Битола и подпелистерските села“, рече конзулот.

За парпат на отворањето годинава не присуствуваше ни таткото на фестивалот Коста Хаџи Антоновски, кој е во години и со кревко здравје. Градоначалничката Наташа Петровска го поздрави со ветување дека следното 40 јубилејно издание ќе биде одбележано со манифестација што ќе остави белег каков што заслужува фестивалот.

„По 39 пат го одбележуваме Монмартр, манифестација исклучитрелно важна за нашиот град. Манифестација која ја отвора Битола пред светот и светот го носи во Битола. Самиот број на цртежи кој е пристигнат и оваа година , само потврдува дека во својата традиција продолжува фестивалот да се одвива. За жал оваа година ќе го немаме џагорот на децата по нашите сокаци, но ја имаме нивната душа и дел од нивните срца во детските цртежи“, рече Петровска.

Ж.З.  MON 1

MON2

MON5

MON7

MON 8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани