2win800x200

 „Ух, убаво е да дојде. Нека дојде треба помош во државата. Помош е и кога ќе си ја реализирате казната, рече премиерот Зоран Заев од Битола запрашан за како го коментира постот на екс премиерот Груевски на Фејсбук дека поради состојбите во државата му доаѓало да дојде и да помогне. 

,,Сите испраќаме порака на одговорност, па ете испраќам недвосмислена порака нека се врати дома", рече Заев.

Во присуство на премиерот Зоран Заев, директорот на  Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој Никола Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска потпишаа договор за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој. Преку оваа програма во поширокиот Пелагонсико-преспански регион ќе бидат инвестирани 101 797 260 денари. За 2019 година вкупно на државно ниво се издвоени финансиски средства во висина од безмалку 38 милиони евра за реализација на 202 проекти во цела територија на земјава.

„Преку реализација на овие проекти за кои денес доделивме решенија значитечно ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и од овој регион и од цела Северна Македонија. Ќе се реконструираат патишта, ќе се прават пристапни патишта до земјоделското земјиште, ќе се уредуваат излетнички места, а ќе се направи и адаптација на пазарот во Битола. Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 176 406 денари“, рече премиерот Зоран Заев. 

Од најголемата житница во државата -Пелагонија, денеска премиерот Зоран Заев, министерот за земјодeлство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски, ја промовираа мерката “зелена нафта“ што ќе значи поевтино гориво за земјоделската механизација.

„Ова мало општество, како што е нашето, навистна треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или оној начин се разликуваат од сите нас. И тоа зависи од секој од нас“, порача премиерот Зоран Заев на денешната меѓународна научна конференција „70 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост“ што се одржа во Битола.

По бурните реакции што се појавија во јавноста по донесената програмата на Министерството за култура за финансирање на институциите и манифестациите од национален интерес, се огласи и премиерот Зоран Заев, кој изјави дека дел од донесените одлуки ќе бидат поништени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани