Украдени над 700 цветни садници од аранжманите низ парковите во Битола

Мај 20, 2020

Вработените од секторот  „Јавно зеленило“  во ЈП Комуналец, секојдневно мака мачат со битолчани ки ги крадат цветните садници низ аранжамните во парковите низ градот. Во изминатите неколку недели, од неколку илјади цветни садници со кои е украсен градот, украдени се повеќе од 700 велат од ЈП Комуналец. 

-Вработените  ме прашуваат што да прават со оние места каде се крадат цветните садници, а јас им велам ќе ги обновувате. Според нивни сознаија, ги крадат повозрасни граѓани, вели Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец .
 
Ова не е првпат  да се крадат цвеќиња од цветните аранжмани кои ги разубавуваат парковите. Во неколку наврати граѓани  сликале „љубителите“ на цвеќиња, кои наместо да купат, цветните садници си ги крадат од парковите. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани