2win800x200

Се уште не се знае која е причината за смртта на битолчанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. Неофицијално сега починатиот маж на возраст од шеесетина години бил во двонеделна самоизолација откако неодмна, како што велат соседите, се вратил од Англија. Тие тврдат дека човекот живеел сам, но, немал здравствени проблеми. Поради тоа што не одговарал на повиците на роднините, тие повикале полиција. Од починатиот е земен брис, за да се утврди дали причина за смртта е КОВИД 19 или нешто друго.

Битолското обвинителство бара казна од 12 илјади евра за тричлено семејство од Битола и уште едно лице од Скопје кое престојувало во нивниот дом, затоа што не ја почитувале мерката за домашна излоација откако влегле во државата од високорична земја.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани