Јас ќе речам-Можности и права, наместо цвеќиња и ора! (пишува Марија-Магдалена Петковска Микаровска)

Март 06, 2020

Колку повеќе ги гледам младите женски генерации (од ќерка ми, па до голем дел од моите златни ученички) кои тргаат по патот да ги спознаваат и живеат вистинските вредности за силата на женската моќ, толку поутешена сум дека ќе заврши ерата на осмомартовските победнички ора и поклоните кои се циркуз невиден. Да мислеа Клара и Роза да го свртат орото и да си купат тенџере, ни дотука изгледа немаше да сме стигнати. Ама еве малку помудри биле да речиме.

Она на кое секоја од нас треба да работи е еднаквоста. Она на кое треба да ги учиме нашите ќерки и синови е еднаквоста. Еднаквоста во домот, еднаквоста надвор од него. Делењето на обврските во домот. Сигурна сум дека има уште мажи кои пелените на СВОЕТО дете не ги сменале, бидејќи тоа е валкана работа и е на жената. Ама не им е валкано да го држат некој пијан другар кај што повраќа после пијанство. Пелените се проблемот. Или не можи тој да станува навечер детето дури се мачи да потпркни, зошто не можи де, нема што да се дискутира зошто не можи и не сака. Ама можи да е до истите тие ноќни саати акнат по кафани со друштво. Зошто си можи. Пак пример велиме..

И ова не ми е статус против мажите. Го имам најсаканиот дома! Сакам секоја од нас да ја знае вредноста на својот живот, на своето лично време, да ги бара, вреднува и користи (ова не е злоупотребува) своите шанси. Да не се сложува на строга поделба на машко - женски работи во домот и надвор од него. Да настојуваме да се поддржиме како жени, не на оро, ами на работното место, во општеството, по дома, секаде. Да имаме МОЖНОСТ да ги контролираме нашите животи. Да се обединиме со менување на фактот од 'не може' во 'може'.

Сето ова доаѓа од самосвесноста и процесот вистински да се спознаете себе си. Најдете се кои сте (ова е најтешкото) и бидете тоа. Затоа, уствари сте на оваа Земја. Најдете си ја вашата вистина, живејте ја истата и се друго ќе си дојде на свое место.

Пишува Марија-Магдалена Петковска Микаровска, професор по англиски јазик, граѓански активист.

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани