2win800x200

Битола нема повеќе ништо ни за продавање, а ни за “дарување”! (Пишува Бисера Костадиновска Стојчевска)

Мај 21, 2020

Многу е интересно кој се денес милува да се грижи за културните вредности и да биде локал патриот. Родениот град се сака со дела, со борба, со вложување, а не со стиропор, со крадење, со неисправни кружни текови или сообраќајни решенија наречени “процент”. 

 

 
Ем е дрско а дотолку повеќе е безобразно.
 
Како некој кој цел свој живот го има поминато во својот роден град, и некој кој добро се сеќава на Офицерскиот дом и забавите во неговата летна бавча, се сеќава на сјајот на Корзото, навистина ми е интересно да гледам, слушам и читам како некој кој 12 години го урниса градот и го украде неговиот сјај од секоја гледна точка, обвинува за немањето на јавна дебата, дијалог, дека некој мисли само на профит! 
 
Па 12 години Битола беше жртва на “јавни-приватни партнерства”! 
 
Да обвиниш некој дека е безидеен а во некое друго време се трошеле невидени суми на палми, значи дека допирот со реалноста е навистина мал! Иронијата е до небо!
 
Ајде вака. 
 
Заштитен знак на Битола е ИФФК Браќа Манаки. Отсекогаш бил и секогаш ќе е. Но, за зданието наречено Кино Манаки во Битола изградено преку никогаш незаборавениот Скопје 2014 наречен "проект" немаме друга опција освен да се грижиме тоа никогаш повеќе да не е злоупотребено иако неговиот сам зачеток беше плод на криминал. 
 
Но, за тоа Талески има да ви раскажува! 
 
Некако добро спинувате и вие и сите ваши “израстоци” дека она за што некогаш сме реагирале, сега треба да го оставиме да пропаѓа дека ете не е наш проект! Не сме како вас! 
 
Е, Офицерскиот дом е друга приказна. Сите се сеќаваме дека Офицерскиот Дом го имавте ставено најподмолно на продажба. Зошто најподмолно? Во огласот стоеше дека се продава објект на улицaтa Маршал Тито во Битола, КП бр.16702 - 1, објекти на поранешен Офицерски дом Битола - во површина од 1.970м² и проценета вредност од 55.608.730,50 денари. 
 
И тоа беше почетната цена за електронското јавно наддавање за недвижнини додека јавното наддавање за продажба требаше да се одржи на 19 февруари истата 2016 година. 
 
Ете тоа е кратката хорор приказна за тоа колку Офицерски дом Битола и значеше на ВМРО – ДПМНЕ и како ВМРО – ДПМНЕ од позиција на локална но и централна власт сакаше да го реши како проблем. Па вие сакавте од Офицерски да направите трговски центар.
 
За среќа во 2018 година, СДСМ и коалицијата преку локалната самоуправа пронајдоа пари, преку ИПА фондовите за целосно и директно реставрирање на Офицерски дом Битола како проект. И тоа не беше философија како Општината такви проекти имаше за волја на вистината доволно, но приоритетите очигледно ви беа други. 
 
Се изработи проектот кој јавно беше презентиран на 3 или 4 февруари 2019 година кога нескромно најавивме дека до крајот на 2019 година ќе се почне со теренските активности и до крајот на 2020 година проектот ќе биде завршен а Офицерски дом Битола ќе го има својот стар сјај во полна функционалност. 
 
Се што треба да направите е само да се прошетате по Широк Сокак за да се уверите! Нормално, ова важи за Битолчани кои живеат во Битола. Останатите на слики ќе гледаат и ќе пишуваат постови.
 
Ако оваа локална власт за вас е рекордер по нереализирани проекти и лажни ветувања, за Битолчани поранешната локална самоуправа под водство на ВМРО - ДПМНЕ ќе биде засекогаш запаметена по ненормалните суми на пари кои кажуваа дека ги трошеа, ама никогаш каде точно завршуваа. Дали во некоја вила во Дубровник, во некој спрат од станбена зграда на локацијата поранешна Касарна во Битола, на некој Златен рид, кој му знае? 
 
И да. Ќе бидете запаметени по 12 години систематско уништување на буквално секој можен составен дел од локалната самоуправа, образование, здравство, спорт и уште многу други. 
 
Што треба да направиме со овие два објекти, според вас? 
 
Претпоставувам за вас е логично во нелогичноста Киното Манаки да го дадеме на поклон на манифестација која го организира ИФФК Браќа Манаки чие седиште е во Скопје? Се разбира! 
 
Битола нема повеќе ништо ни за продавање а ни за “дарување”! 
 
Ама вашите стари навики тешко се губат ...
 
Бисера Костадиновска Стојчевска, кандидат за пратеник во 5 ИЕ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани